28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе претстави новитети на 10-ти септември

Apple ќе претстави новитети на 10-ти септември

pokana apple

Со испраќањето покани до медиумите за претставување на 10-ти септември во своето седиште во Калифорнија, „Apple“ со овој последен „PR“ потег можеби избриша дел од тајната за настанот на кој се очекува да ја претстават својата нова линија на „iPhone“.

Настанот ќе стартува во 10 часот по пацифичко време (19 часто по средноевропско) и ќе се оддржи во Купертин, а на поканата пишува : „This should brighten everyone’s day“ (Ова ќе му го разубави денот на секого).

Многумина сметаат дека „името“ на настанот и низата на шарени кругови е всушност најава за евтиниот „iPhone“ за кој долго време се зборува. Како што претходно се шпекулираше „iPhone 5C“ би требало да биде достапен во неколку бои, а со него се очекува и новиот „iPhone 5S“.

Според гласините „Apple“ би требало да претстави и новитети околу сервисот „iTunes Radio“, кој ќе биде одговор на популарните „streaming“ сервиси, како на пример „Spotify“. Исто така се очекува и претставување на последната „final preview“ верзија на „iOS 7“ пред неговото објавување.

Само ден по калифорниската конференција „Apple“ ќе организира посебно претставување за кинеските медиуми. Тоа ќе биде првото такво претставување во Кина со што се најавува и можната соработка меѓу „Apple“ и „China Mobile“, најголемиот телеком оператор во оваа земја. Со овој договор „Apple“ и официјално ќе влезе на најголемиот пазар.

Претходно се најавуваше и „лансирање“ на новите модели на „iPad“ и „iPad mini“, но многумина сметаат дека тоа нема да биде на 10-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП