19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај кризата, порасна бројот на супербогатите: Еве каде ги има најмногу

И покрај кризата, порасна бројот на супербогатите: Еве каде ги има најмногу

Вкупното светско богатство се зголеми за 10,3 отсто во 2021 година на 473 трилиони долари, главно благодарение на подемот на берзата, според студијата објавена во четвртокот од Boston Consulting Group (BCG).

Тоа е најголем пораст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, кои BCG ги дефинира како луѓе со имот вреден повеќе од 100 милиони долари, се зголеми за околу 300 луѓе.

Соединетите држави имаат најмногу супербогати луѓе – 25.800 луѓе. По нив е Кина, која има 8.500 супербогати луѓе. Германија е на третото место. Во светот, околу 69.000 супербогати поединци поседуваат 15 отсто од финансиските средства што можат да се инвестираат.

Вредноста на материјалните средства, вклучувајќи недвижен имот, уметност и злато, се зголеми за 11 отсто на 13 трилиони долари во 2021 година. Вредноста на недвижностите особено силно расте веќе некое време.

И покрај економските последици од војната во Украина, извештајот на BCG предвидува дека богатството ќе продолжи да расте ширум светот, а се очекува силен пораст, особено во Азија. Доколку рускиот напад врз Украина заврши оваа година, се очекува глобалното богатство да расте за 5,3 отсто годишно и да достигне речиси 80 трилиони долари до 2026 година.

Студијата пресметала просечно зголемување од 5 проценти доколку војната продолжи и санкциите бидат поостри или траат подолго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП