28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ подготвува поевтин флексибилен телефон?

„Samsung“ подготвува поевтин флексибилен телефон?

„Samsung“ доминира на пазарот на флексибилни телефони, а неколку такви телефони веќе се достапни за купување. Се чини дека јужнокорејскиот гигант реши дополнително да ја зацврсти својата водечка позиција на овој дел од пазарот.

Додека компанијата се подготвува наскоро да ги претстави телефоните од следната генерација „Galaxy Z Fold“ и „Galaxy Z Flip“, новиот извештај сугерира дека „Samsung“ може да претстави и поевтин флексибилен телефон во наредните години.

Објавувачот „@ chunvn8888“ објави на Твитер дека „Samsung“ работи на поевтин флексибилен телефон, кој доаѓа на пазарот како дел од серијата „Galaxy A“ на компанијата. Сепак, овој телефон нема да излезе наскоро и се шпекулира дека ќе биде официјализиран во текот на 2024-та или 2025-та година.

Како што секоја година се издаваат нови флексибилни телефони, нивните цени постепено паѓаат и за неколку години ќе биде профитабилно за „Samsung“ да претстави буџетски флексибилен телефон.

Останува да видиме кој формат ќе го имплементира овој уред – дали ќе се витка како книга како линијата „Galaxy Z Fold“ или ќе има формат на преклопување како серијата „Galaxy Z Flip“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП