27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Franchise Group“ е подготвена да го купи „Kohl’s“ за 8 милијарди долари

„Franchise Group“ е подготвена да го купи „Kohl’s“ за 8 милијарди долари

Вредноста на акциите на „Kohl’s“ во утринското тргување порасна по најавата дека овој малопродажен синџир води ексклузивни преговори со „Franchise Group“ за потенцијално преземање во вредност од осум милијарди долари.

Во одделни изјави и двете компании потврдија дека влегле во тринеделен период на ексклузивност во кој ќе биде разгледана понудата на „Franchise Group“ за купување на „Kohl’s“ по цена од 60 долари по акција, пишува „Bloomberg“.

Вредноста на акциите на малопродажниот синџир непосредно пред почетокот на редовното тргување порасна на Њујоршката берза за девет отсто, до цена од 45,90 долари за акција.

„Franchise Group“ најави дека во оваа трансакција ќе инвестира околу една милијарда долари капитал, а инвестицијата ќе ја направи со зголемување на обезбедениот долг. Според нив, најголем дел од финансиите ќе бидат обезбедени во согласност со вредноста на недвижниот имот во сопственост на малопродажниот синџир „Khol’s“.

Компаниите влегоа во период на ексклузивност со цел „Franchise Group“ да ги направи неопходните подготовки и договори за финансирање со своите финансиски партнери, се вели во соопштението на малопродажниот синџир „Kohl’s“.

Од почетокот на годината вредноста на акциите на „Kohl’s“ падна за 15 отсто, а тргувањето во понеделникот го заврши со пазарна вредност од 5,4 милијарди долари и цена од 42,12 долари по акција.

Компанијата „Sycamore Partners“ и „Starboard Value Investment Fund“, исто така, дадоа понуда за откуп на малопродажниот синџир. Иако не е јасно колку „Sycamore“ бил подготвен да плати за да го преземе ланецот „Kohl’s“, корпоративната истражувачка компанија „Acacia“ вели дека инвеститорот финансиран од „Starboard“ понудил 64 долари по акција, или 9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП