27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНачинот на дишење открива колку ќе живеете: Врз основа на овие симптоми...

Начинот на дишење открива колку ќе живеете: Врз основа на овие симптоми може да се предвиди ризикот од смрт

Една студија покажа кои симптоми, кои се поврзани со дишењето, можат да го предвидат ризикот од прерана смрт.

Факторите како што се исхраната, вежбањето и начинот на живот играат голема улога кога станува збор за долговечноста. Тоа е нешто што секој го знае, но малкумина од нас разбираат дека нешто толку „обично“ како начинот на кој дишеме може да „одреди“ колку долго некој може да живее.

Правила во исхраната на најдолговечните луѓе

Според студијата објавена во списанието Respirology, дишењето може да влијае на животниот век – а одредени симптоми се поврзани со ризикот од рана смрт.

Како дишењето влијае на долговечноста?

Експертите заклучиле дека оние кои страдаат од проблеми со отежнато дишење, без разлика дали се пушачи или не, всушност се изложени на поголем ризик од прерана смрт. Дополнително, кашлањето кај активните пушачи и отежнато дишење кај поранешните зависници од никотин, исто така, може да го зголемат ризикот од рана смрт.

Пушењето сè уште е еден од најважните фактори кои го зголемуваат ризикот од смрт поради срцеви заболувања или рак.

Дали постои напивка која може да влијае на долговечноста?

Во 21 век, чајот и кафето се основните пијалоци што луѓето ги консумираат секој ден во сите култури. Вториот се покажа како еден од најпопуларните топли пијалоци на сите времиња. Свежо сварено кафе без млеко и шеќер може да биде клучот за подолг и поздрав живот.

Неколку студии откриваат дека луѓето кои пијат кафе имаат помала веројатност да умрат порано поради срцеви заболувања или малигни заболувања. Објавени во Annals of Internal Medicine, резултатите покажуваат дека пиењето две шолји кафе дневно е поврзано со 29 отсто помал ризик од смрт. Овој ефект беше силен и кога кафето беше засладено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП