Меркел: Се обидов да спречам војна
Не се обвинувам себеси, одговори Ангела Меркел на новинарското прашање дали можела да направи повеќе, или да направи нешто за да ја спречи војната.
IAEA: Радијација во Чернобил како пред војната
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) објави дека детекторите на радијација во зоната на исклучување околу затворената украинска нуклеарна централа во Чернобил се повторно онлајн за прв пат откако Русија ја окупираше областа, нагласувајќи дека нивото на радијација е нормално.
Зеленски: Зимата што претстои ќе биде најтешка досега
Следната зима ќе биде многу тешка за Украинците, предупреди претседателот Володимир Зеленски за време на неговото ново ноќно обраќање.
„Во сегашната ситуација поради зголемената агресија, ова навистина ќе биде најтешката зима во сите години на независноста“, рече тој.
Зеленски додаде дека на состанокот со владини претставници и претставници на најголемите државни енергетски компании разговарал за „основање центар за подготовка за следната грејна сезона“.
„Во овој момент нема да го продаваме нашиот гас и јаглен во странство. Целото домашно производство ќе биде насочено кон потребите на нашите граѓани“, рече тој.
Во Украина ќе биде лансирана „Книга на џелати“, во која ќе бидат документирани „воените злосторства и криминалците од руската армија“, рече Зеленски, објаснувајќи дека ќе собере „конкретни факти за одредени луѓе виновни за конкретни насилни злосторства против Украинците.
Тој рече дека тоа ќе биде клучен елемент во неговото барање да се повикаат на одговорност руските војници, кои, според украинските власти, извршиле убиства, силувања и грабежи.
Русите тврдат: Отвораме два поморски коридори
Руското Министерство за одбрана соопшти дека создало услови за два поморски хуманитарни коридори со цел да се овозможи безбедно движење на бродовите во Црното и Азовското Море, се вели во соопштението.
„Руската Федерација презема голем број мерки за да ја обезбеди безбедноста на цивилната пловидба во водите на Црното и Азовското Море“, се вели во соопштението.
„Се уште постои опасност за пловидба и оштетување на пристанишната инфраструктура поради отстранувањето на украинските мини откорнати од сидрата долж брегот на црноморските држави“, се додава.
Полска: Една од најголемите испораки на оружје во последните 30 години
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Полска склучува еден од најголемите договори за испорака на оружје во Украина во последните 30 години.
При посетата на фабриката за оружје „Хута Сталова Вола“ во Сталова Вола, Моравјецки објасни дека договорот вклучува испорака на повеќе од 50 хаубици во вредност од 650 милиони евра.
Тој објасни дека Украина ќе плати само дел од цената на полското оружје, а остатокот ќе го покрие Европската унија, пренесува Интерфакс.
Оружјето се очекува да биде испорачано за неколку месеци.