Во еднодневната посета на С. Македонија , Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, г-дин Крис Бартон со Делегација од Британска Амбасадa, Заменик шеф на мисијата Јулиа Смит и Директорот за трговија и инвестиции, г-дин Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин Машинс“ во Велес како едни од најрелевантните двигатели на македонската економија со цел да се поддржи и поттикне уште повеќе трговската и инвестициска соработка меѓу нашата земја и Обединетото Кралство кое е еден од најголемите пазари на кои се пласираат еколошките „Грин Машинс“ возила.
Г-дин Крис Бартон во својата работна посета оствари средба со Главниот и извршен директор на „Брако“, проф.д-р Кочо Анѓушев и г-дин Благој Шалев, извршен директор во „Брако“.






