МАКЕДОНИЈА

Наш познат пејач приведен за палењето на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е откриено лицето што го подметнало пожарот во центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој истакна дека се работи за брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена.

„Имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.

Според МВР, се работи за нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски, кој ја запалил вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“.