20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ итно бара купувач за својот бизнис во Русија

„UniCredit“ итно бара купувач за својот бизнис во Русија

Италијанската банка „UniCredit“ бара купувач за својот бизнис во Русија, а веќе го проширува кругот надвор од локалните инвеститори, бидејќи сака итно да ја напушти земјата. Ова го објавија анонимни извори блиски до банката, цитирани од „Reuters“.

„UniCredit“ веќе имаше разговори со неколку локални кандидати, но ескалацијата на западните санкции ги попречи тие напори. Ова доведе до зголемување на побарувачката за вклучување на потенцијални купувачи од други земји како Кина и Индија.

Вториот извор тврди дека се разговара со потенцијални инвеститори, но не ги именува.

Акциите на „UniCredit“ поскапеа за повеќе од 2% на почетокот на тргувањето во понеделникот.

Во мај, извршниот директор на банката, Андреа Орсел, рече дека санкциите постепено ги намалуваат шансите за договор со руски купувач и „прозорецот стана прилично мал“.

Рускиот бизнисмен Владимир Потанин, чија холдинг компанија „Интеррос“ го купи рускиот дел од  „Societe Generale Rosbank“, изјави за „Интерфакс“ дека ја одбил понудата за купување на локалната филијала на „UniCredit“.

Италијанскиот кредитор сега бара други опции, иако рускиот договор останува можен, велат извори на „Reuters“.

Засега, „UniCredit“ официјално не се изјасни за ова прашање.

Инвеститорите од Кина, Индија или Турција, земји кои досега не ги поддржаа санкциите против Русија, може да бидат заинтересирани за средства чија вредност е намалена со одливот на западен капитал по војната во Украина.

„UniCredit“ е меѓу европските банки со најголема изложеност кон Русија, каде што управува со 14-тиот најголем кредитор во земјата. Главниот европски банкарски супервизор, Андреа Енрија, во петокот рече дека се надева дека банките од ЕУ ќе направат напори брзо да ја напуштат Русија.

Орсел, поранешен инвестициски банкар, користи договори за размена, како што е надоместување на заемот на руската компанија со заем од руска банка на европски заемопримач, за да ја намали својата изложеност кон Русија.

Орсел двапати изјави дека „UniCredit“ не успеал да ги финализира големите договори за намалување на изложеноста затоа што нејзините договорни страни биле погодени од санкции непосредно пред потпишувањето.

Сепак, извршниот директор на „UniCredit“ ја отфрли загриженоста за Русија, велејќи дека таа повеќе не е закана за „UniCredit“, која издвои 1,2 милијарди евра во првиот квартал за покривање на идните загуби.

Банката соопшти дека ги разгледува сите опции, вклучително и заминување од Русија, но Орсел предупреди дека процесот ќе потрае, најмногу поради обврските кон персоналот и клиентите, како и поради желбата да се зачува вредноста на акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП