18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку заработуваат Европејците - минимална плата од 332 до 2.257 евра

Колку заработуваат Европејците – минимална плата од 332 до 2.257 евра

Европската унија ја заострува директивата за минимална плата – веќе во вторник на 7 јуни би можело да се потпише политички договор за мерка изгласана во Европскиот парламент пред речиси една година, чија цел е да се гарантираат приходи кои можат да обезбедат пристоен стандард на живеење за работниците и нивните семејства во сите европски земји.

До денес, законот за минимална плата не постои само во Италија, Австрија, Кипар, Данска, Финска и Шведска.

Според последните податоци на Евростат (Заводот за статистика на Европската унија), минималната плата во Европа се движи од 332 евра месечно во Бугарија до 2.257 евра во Луксембург.

Во Франција, каде што инфлацијата галопира, минимумот е тројно зголемен (вкупно за 5,9 отсто), а синдикатот кој ги штити правата на работниците се бори да достигне 2.000 евра месечно.

Во Шпанија минималната плата достигна 1.000 евра за 14 месечни примања, додека во Португалија синдикатот бараше зголемување од 705 на 800 евра. Во Италија, без разлика на барањето на Европа и без оглед на огромната инфлација и долгови што ги има земјата поради пандемијата и руско-украинскиот конфликт, политичарите се поделени по тоа прашање.

Според последните проценки, Швајцарците во просек заработуваат повеќе од вработените во другите земји: 67.658,78 евра годишно, што е три пати повеќе од просечната плата на Италијанците, додека Исланѓаните, Норвежаните и Луксембуржаните заработуваат во просек по околу 40.000 евра годишно.

Просечната годишна плата во Германија е околу 31.000 евра, Французите во просек заработуваат околу 21.000 евра, исто како Италија и Шпанија, а помалце заработуваат Романците, Летонците, Унгарците и Хрватите – помалку од 10.000 евра годишно.

Според најновата анализа на Организацијата за економска соработка и развој, која го земала предвид движењето на средните приходи во Европа во последните 30 години, Италија е на незавидно место во споредба со другите земји и воедно е единствената земја каде што платите се намалуваат наместо да се зголемуваат.

Италија забележа пад на платите за 2,9 отсто, во споредба со Шпанија каде пораснаа за 6,2 отсто, во Холандија пораснаа за 15,5 отсто, 31,1 отсто во Франција и 31 отсто во Германија каде цените пораснаа за 33,7 отсто.

На листата од десет земји чии вработени имаат највисока просечна заработка се: Швајцарија со 4.900 евра месечно, потоа Данска – 3.914 евра, Норвешка – 3.795 евра, Луксембург – 3.573 евра, Исланд – 3.221 евра, Австрија – 3.104 евра, Ирска – 3.104 евра, Германија – 2.952 евра, Франција – 2.791 евро и Шведска со 2.770 евра.

Швајцарија е лидер и по квалитетот на живот, не само поради високите плати туку и поради безбедноста, услугите во приватниот и јавниот сектор, како и односот на граѓаните кон природната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП