26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ го затвора својот бизнис со „Kindle“ во Кина

„Amazon“ го затвора својот бизнис со „Kindle“ во Кина

Американскиот интернет гигант „Amazon.com“ ќе ја прекине испораката на е-читачи „Kindle“ до трговците на мало во Кина оваа недела. Компанијата ќе ја затвори и својата онлајн книжарница за „Kindle“ веќе следната година. Ова е уште еден пример за повлекување на американска технолошка компанија од ограничениот кинески пазар.

„Amazon“ ја објави својата одлука на својот официјален „WeChat“ профил, наведувајќи дека го прилагодува стратешкиот фокус на своите активности и дека другите деловни линии на компанијата во Кина ќе продолжат.

Кинеската онлајн книжарница „Kindle“ ќе престане да продава е-книги од 30-ти јуни следната година, иако потрошувачите ќе можат да продолжат да ги преземаат сите книги што ќе ги купат една година потоа.

Во 2024-та година, компанијата ќе ја отстрани апликацијата „Kindle“ од кинеските продавници за апликации.

„Amazon“ тврди дека суспензијата на бизнисот „Kindle“ во Кина не е поради владин притисок или цензура.

„Остануваме посветени на нашите клиенти во Кина. Како меѓународна компанија, периодично ги оценуваме нашите предлози и правиме прилагодувања каде и да работиме“, изјави портпаролот на „Amazon“.

„Со нашето портфолио на бизниси во Кина, ќе продолжиме да иновираме и инвестираме онаму каде што можеме да испорачаме вредност на нашите клиенти“, додава портпаролот.

Постојаните бизниси на „Amazon“ во Кина вклучуваат меѓународна онлајн трговија, рекламирање и облачни услуги. Компанијата ја затвори својата кинеска онлајн продавница во 2019-та година.

Во декември минатата година, „Reuters“ пишуваше за децениските напори на „Amazon“ да ја придобие наклонетоста на Пекинг со зачувување и развивање на сопствениот бизнис во Кина.

Во текстот се опишува како бизнисот „Kindle“ сакаше да го прошири во Кина. Според внатрешен документ на „Amazon“ од 2018-та година, прегледан од новинската агенција, се наведува дека до крајот на 2017-та година, Кина станала најголемиот пазар на „Kindle“ во светот, „со над 40% од глобалната продажба на нивните производи“.

Други западни интернет компании, вклучувајќи ги „LinkedIn“, „Yahoo“ и „Airbnb“, ги намалија услугите или целосно се повлекоа од Кина во последниве месеци поради напорите да се заострат контролите на онлајн содржините и новите закони насочени кон споделување податоци и приватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП