19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се реформира ли некогаш јавната администрација за поголема ефикасност?

Ќе се реформира ли некогаш јавната администрација за поголема ефикасност?

На хартија реформи, но во реалноста тапка во место ефикасноста на јавната администрација. Ниту една Влада досега нема превземено суштински реформи за да може работниците под државна капа да бидат попродуктивни и ефикасни.

Намалување на бројот на администрацијата, дигитализација, понуди за работа од државен во приватен сектор, обуки, доквалификација, предвремено пензионирање. Ова се дел од ветувањата на речиси сите владини претставници низ годините наназад како чекори со кои ќе се постигне нивото на ефикасност кое треба да го имаат вработените во администрацијата. Старите непочнати реформи се најавуваат со нови, а во реалноста администрацијата и наттаму стои на исто ниво по вработување но и по услугите кои што може да ги добијат граѓаните. Економисите се согласни дека ниту една Влада не собира доволно храброст да направи реформа, од страв гласовите на оние кои по партиска линија добиле вработување.

„Ајде да се согласиме дека јавната администрација не е доволно ефикасна, односно продуктивна колку што треба. Зошто е тоа така треба да ги прашаме работниците кои таму работат или криви се министрите и директорите кои што не направија никакви реформи во изминативе години. Кој вработува партиски кадри во администрацијата, сигурно не работниците, туку политичарите. Ако некоја Влада земе да направи реформа во администрацијат нема да изгуби поени туку ќе добие. Во јавноста дефинитивно преовладува мислењето дека реформи се потребни, туку и самите административци сакаат реформа. Добрите и квалитетни работници не можат да дојдат до позиција поради неработниците и партиските кадри кои ги окупираат високите позиции“, вели Бранимир Јовановиќ – Универзитетски професор

Во моментов властите кројат нова стратегија за реформи во јавната администрација во период од 2023 година до 2030 година во која ќе бидат вградени препораките и страндардите од Европската Унија. Во стратегијата која се спроведува закучно со оваа година основната цели е да се деполитизира, да биде ефикасна, ефективна која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните. За сето ова да стане реалност реформи според стратегијата се потребни во:

-Креирање на политики и кординација

-Јавна служба и управување со човечки ресурси

-Одговорност, отчетност и транспарентност

-Јавна служба и управување со човечките ресурси

Во сите извештаи на Европската унија се потенцираат слабостите на администрацијата за која властите треба да работат. Секоја владина структура досега ветуваше дека бројот на вработени под државната капа ќе се намали, но засега се намаат превземено конкретни чекори. Во 2021 година бројот на администрацијата е над 130 илјади вработени.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП