22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГенерали Инвестментс слави 14 години постоење во Македонија

Генерали Инвестментс слави 14 години постоење во Македонија

Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје обезбедува професионални услуги за управување со средства 14 години на македонскиот пазар. По тој повод се одржа коктел забава во хотелот Панорамика.

Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali, а во септември 2019 година официјално го промени името во Генерали Инвестментс, со што го поврза својот идентитет на брендот со добро познатиот лав на плоштадот Свети Марко, симболот на Венеција и на Generali Group.

Благодарение на широкиот спектар на инвестициски производи со долгорочен потенцијал, инвеститорите можат да создадат свое портфолио во секое време според нивните финансиски желби и потреби. Можност за избор помеѓу безбедни и стабилни инвестиции во паричен фонд, а во исто време повисоко ниво на ликвидност отколку на пример банкарските депозити. Од друга страна, можност за избор на среднорочни и долгорочни заштеди со инвестирање во акциски фондови, почнувајќи од основен глобално диверзифициран фонд до фондови кои се фокусираат на хартии од вредност во специфични региони или сектори.

Производите што ги нуди Генерали Инвестментс се прилагодени на начинот и фазите на живот во кои се наоѓаат инвеститорите, а управувањето со средства и односот со клиентите се на високо професионално ниво. Долгогодишното искуство, професионалниот пристап и знење кон пазарите на капитал, како и целосната посветеност кон исполнување на заедничките инвестициски цели, придонесуваат за стекнување и одржување на целосна доверба од инвеститорите. Со повеќе од 14 години традиција на управувањето со средства, изграден е ефикасен систем за стекнување информации за компаниите во кои се вложуваат средствата, во однос на нивното работење и положба, како и развојните трендови на целните економии. Визијата на Генерали Инвестментс е да ги максимизира овие предности и да ја зголеми и консолидира позицијата на пазарот, но исто така се стреми да биде прв избор преку обезбедување на висококвалитетни, конзистентни и разновидни услуги за управување на средства со фокус на долгорочни приноси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП