26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрансформацијата на „Facebook“ во „Meta“ ќе заврши на 9-ти јуни

Трансформацијата на „Facebook“ во „Meta“ ќе заврши на 9-ти јуни

„Meta“ е на пат да се збогува со своето почетно корпоративно име.

Компанијата мајка на „Facebook“ објави дека ќе го промени својот симбол на берзата во „META“ пред отворањето на пазарот на 9-ти јуни, пишува „CNBC“.

„Meta“ се ребрендираше од „Facebook“ во октомври. Компанијата тогаш рече дека овој потег е дел од нејзината амбиција да стане повеќе од само социјална мрежа. Извршниот директор Марк Цукерберг има посебен интерес за изградба на т.н метаверзум – термин кој е поврзан со виртуелен свет во кој луѓето можат да играат, да се забавуваат и да работат.

Во моментот на објавување на својата трансформација, компанијата рече дека ќе го промени својот акционерски симбол на „MVRS“ од 1-ви декември. Конечно, во ноември 2021-ва година, компанијата соопшти дека ја одложува промената за првиот квартал од 2022-ра година.

Оттогаш, „Roundhill Investments“, која го користи симболот „META“ за својот „Roundhill Ball Metaverse ETF“, најави дека ќе се раздели со него. Неговото ослободување и овозможи на матичната компанија на „Facebook“ да го искористи тоа и да го прифати како своја.

Од „Meta“ тврдат дека не е потребна никаква акција од страна на акционерите во врска со промената.

Иако амбициите на гигантот во метаверзумот се огромни, неговото градење и развивање е долгорочен процес кој ќе трае со години. Во оваа смисла, бизнисот на „Meta“ во оваа област сè уште не е во состојба да донесе значителни финансиски резултати, додека нејзиниот бизнис со социјалните мрежи се соочува со одредени тешкотии. Во последниве години, „Facebook“ беше вовлечен во голем број кризи кои се одразија на неговата репутација во однос на приватноста, мешањето во изборниот процес во САД и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП