27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвозот на гас на „Газпром“ падна за 27 отсто во периодот јануари-мај

Извозот на гас на „Газпром“ падна за 27 отсто во периодот јануари-мај

Рускиот гасен гигант „Газпром“ соопшти дека неговиот извоз на гас во земјите надвор од поранешниот Советски Сојуз е намален за повеќе од една четвртина на годишно ниво во периодот од јануари до мај, откако загуби неколку европски клиенти.

„Извозот во земјите надвор од регионот изнесува 61 милијарда кубни метри, што е за 27,6% помалку во однос на истиот период минатата година“, се вели во соопштението на енергетската компанија.

Откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина на 24-ти февруари, Москва бара клиентите од „непријателските земји“, вклучително и земјите-членки на ЕУ, да го платат својот гас во рубљи.

Новиот услов се смета за мерка за заобиколување на западните финансиски санкции против руската централна банка поради офанзивата на Москва во Украина.

Досега, испораките на природен гас за Полска, Бугарија, Финска и Холандија беа прекинати поради одбивање да се платат во рубљи.

Земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија, но се поделени околу воведувањето ембарго за природен гас, бидејќи неколку земји-членки се во голема мера зависни од енергетските резерви на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП