25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа првиот електричен „BMW X1“ (ФОТО/ВИДЕО)

Како изгледа првиот електричен „BMW X1“ (ФОТО/ВИДЕО)

Покрај конвенционалната верзија, германскиот производител за прв пат на купувачите им го понуди и моделот „X1“ со електричен мотор.

Третата генерација на „BMW X1“ имаше светска премиера во средата, а сега имаме можност да видиме како изгледа електричниот модел, „iX1“. Електричниот SUV визуелно се разликува од оној на конвенционалните погонски агрегати, првенствено по деталите на надворешноста.

„BMW iX1“ има малку изменета предна решетка, како и сини детали околу „бубрезите“ и различен долен браник. Истите сини детали може да се забележат на страна, на местата под вратата, како и на задниот браник.

Со исклучок на споменатите разлики, надворешноста на „iX1“ изгледа речиси исто како обичен „BMW X1“.

Електричниот модел „iX1 xDrive30“ има два електромотори, по еден на секоја од оските, со вкупна моќност од 313 ks (230 kW), додека вкупниот вртежен момент е 494 Nm.

Споменатите два електромотори од петта генерација на овој автомобил му обезбедуваат погон на сите тркала. Забрзувањето од место до 100 km/h се реализира за 5,7 секунди, а очекуваната автономија според „WLTP“ стандардот се движи од 413 до 438 km.

Батеријата е со капацитет од 64,7 kWh и може да се полни со максимална моќност од 130 kW, кога за само 10 минути автономијата може да се зголеми за 120 km.

„BMW“ сè уште не објави детали за цената, а „iX1“ се очекува да се појави во салоните до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП