20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск сака да укине 10 отсто од работните места во Тесла поради...

Маск сака да укине 10 отсто од работните места во Тесла поради „супер лошо претчувство“

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, има „супер лошо претчувство“ за економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили, наведе тој во четвртокот во меилот до кој Reuters имаше увид.

Во мејлот Маск вели и дека треба да има пауза од вработување ширум светот.

Меилот е испратен два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека мора да се вратат на работа или на друг начин да ја напуштат компанијата.

Според официјалните податоци, Тесла вработувала околу 100.000 луѓе на крајот на 2021 година.

Маск во вторникот им рекол на вработените да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата, барање кое веќе е одбиено од некои вработени во Германија каде што компанијата има нова фабрика.

„Секој во Тесла мора да поминува најмалку 40 часа неделно во канцеларија“, напиша Маск во меилот. „Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ“, напиша Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП