4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа крајот на месецов јавниот сектор стапува во генерален штрајк!

На крајот на месецов јавниот сектор стапува во генерален штрајк!

Вработените во јавниот сектор повеќе немаат време за владиното тактизирање. Синдикатот на вработените во државните институции најавува генерален штрајк во знак на револт поради несериозното однесување како што велат за Денар од страна на надлежните министри на чело со премиерот. Иако пред ребалансот им било ветено дека ќе добијат зголемување на платите од 2800 денари. Но сега сите дигаат раменици, а во предлог прекроената државна каса, пари за повисоки плати за административците и вработените во јавниот сектор не се предвидени. Штрајкот според информациите на Денар ќе биде последната недела од овој месец.

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија претпладнево решава за генерален штрак во јавниот сектор. По вчерашниот неуспешен обид од страна на владата да ги премисли синдикалците денеска тие решаваат за целосна блокада на институциите се до решавање на нивното основно барање, а тоа е зголемување на платите во администрацијата и јавниот сектор. Според информациите до кои дојде Денар се дека вчера владините министри се обиделе да ја смират ситуацијата со понуда која не ја прифатија синдикатите. Понудата се состоела од предлог да се менува методологијата на пресметки на плати и во брзо време да има раст на платите но без прецизиран датум. Тоа од страна на синдикатот е експресно одбиено. Дополнително синдикалците се револтирани дека и покрај тоа што на средбата бил најавен и министерот за финансии Фатмир Бесими, тој не се појавил.

„Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, изјави Дарко Димовски претседател на ССМ.

ССМ и Владата со недели преговараа за зголемување на платите во јавниот сектор. Веднаш по зголемувањето на минималната плата синдикалците се залагаа за линеарно зголемување на платите кај останатите вработени. Пред ребалансот на буџетот тие добија уверување дека ќе има по 2800 денари зголемување на платите, но во предлог ребалансот таква ставка нема. Тоа дополнително им го зголеми револтот на синдикалците бидејќи сметаат дека властите си играат со човечки судбини. А ова е изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими која најмногу ги налути синдикалците пред неколку дена.

„Министерството за финансии не е вистинската адреса за протести. Ние во конкретниот случај, во фаза кога се работеше ребалансот на буџетот, нема завршени преговори ниту решенија. Ние не можеме да предвидиме работи коишто не се дефинирани“, изјави министерот Фатмир Бесими.

Освен за линеарното зголемување на платите, синдикатот не може да верува дека властите сега се обидуваат да си го погазат зборот околку недела неработен ден. Според нив, ова предизборно ветување на актуелната власт е непромислено да се менува. Добар дел од дејностите на кои им е дозволено да работат првично не беа дел од договорт. Целта, синдикалците велат дека беше недела да биде слободен ден за сите граѓани, а не полека но сигурно законот да ја губи смислата и работите да излезат повторно од контрола.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП