26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens се откажува да ги полни електромобилите

Siemens се откажува да ги полни електромобилите

simenee

Германскиот концерн „Siemens“ ја прекина работата на изградбата на мрежни станици за полнење на електромобилите.

Овој гигант се откажа од акцијата поради тоа што интересот во овој сегмент е понизок од очекуваното, пренесува германското издание на „Wall Street Journal“.

Според претходните информации од германските медиуми, „Siemens“ ќе продолжи со развој на електричните мотори за автомобили и технологијата за нивното бежично полнење.

Минатата година во Германија се регистрирани само 4.321 нови електромобили, а голем процент од тој број го сочинуваат хибридните возила, машини кои работат на струја и бензин.

Една од причините за ниската побарувачка на ваквите возила е недостатокот од поширока мрежа на станици за полнење. Со откажувањето на „Siemens“, перспективата за нејзиниот развој стана уште по неизвесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП