Војната во Украина влезе во својот 99-ти ден
Руската армија со крстосувачки ракети лансирани од Црното Море изврши ракетен напад врз железничкиот тунел Бескидс што ги поврзува Словачка и Украина во средата навечер.
Овој тунел е од стратешко значење за снабдување на Украина со оружје. Инаку тунелот оди под Карпатите.
Обединетото Кралство испорачува MLRS
Министерството за одбрана на Велика Британија изјави дека ќе продилжи по патот на САД и дека ќе испорача во Украина повеќецевни ракетни фрлачи МЛРС М 270, но и со проектили со дострел до 80 километри.