28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid 4.4 ќе се нарекува KitKat

Android 4.4 ќе се нарекува KitKat

kitkat

Следната верзија на оперативниот систем „Android 4.4“ го доби своето име и ќе се вика „KitKat“.

Ова го потврди потпретседателот на компанијата „Google“, Сундар Пичаи на своите „Google+“ и „Twitter“ профили. Исто така и компанијата на својата „web“ страна постави приказ за сите досегашни верзии на „Android“.

Станува збор за следниве верзии на системот: „Cupcake“ (1,5), „Donut“ (1,6), „Eclair“ (2,0), „Froyo“ (2,2), „Gingerbread“ (2,3), „Honeycomb“ (3,0), „Ice Cream Sandwich“ (4,0) и „Jelly Bean“ (4,1-4,3).

Секоја од верзиите е наречена според некоја слатка, а веќе однапред се знаеше дека најновата верзија ќе биде некоја слатка која почнува со буквата „К“. Се шпекулираше дека следната верзија ќе биде наречена по овошната пита од лимон, осносно „Key Lime Pie“. Но тоа не беше земено во предвид поради тоа што „Google“ во ноември минатата година оствари партнерство со „Nestlé“, најголемиот светски прехрамбен комбинат и сопственик на брендот „KitKat“.

Според „BBC“ преку 50 милиони „KitKat“ чоколатца ќе ја промовираат „Android“ маскотата на 19 пазари во светот, вклучувајќи ги и Бразил, Русија, Индија и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП