Руските нуклеарни сили одржуваат вежби во провинцијата Иваново, североисточно од Москва, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Околу 1.000 војници тренираат интензивни маневри со користење на повеќе од 100 возила, вклучително и фрлачи на интерконтинентални балистички ракети Јарс, соопшти Министерството.
Бајден: САД ќе и дадат на Украина напредни ракетни системи
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.
Зеленски: Успех во Керсон
Украинските сили постигнаа одреден успех во близина на јужниот град Керсон, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во синоќешното обраќање рече и дека украинските сили напредуваат кон делови од регионот Харков, пренесува Ројтерс.
-Нашите бранители покажуваат најголема храброст и се уште се господари на ситуацијата на фронтот и покрај тоа што руската армија има значителна предност во однос на опремата и бројноста, рече Зеленски.