25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром: Холанѓаните не ја платија сметката, ги прекинавме испораките

Гаспром: Холанѓаните не ја платија сметката, ги прекинавме испораките

Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска потврди дека целосно ја прекинал испораката на гас на холандската компанија ГасТера.

Прекинот на испораката е затоа што ГасТера одби да плати за испорачаниот гас во април во согласност со шемата која предвидува трансакција во рубљи.

„Газпром Експорт не прими уплата до 30 мај за испораката на гас во април, што е крајниот рок наведен во договорот. Во врска со ова, Гаспром Експорт го информираше ГасТер за прекин на испораката на гас од 31 мај 2022 година додека не се изврши плаќањето во согласност со процедурата утврдена со извршната наредба на претседателот на Русија“, соопштија од Гаспром, пренесува Тас с.

ГасТера претходно објави дека одлучила да не го исполни барањето на Гаспром да го плати испорачаниот гас во руски рубљи.

Според податоците на руската царинска служба, Русија во 2021 година извезла околу 6,7 милијарди кубни метри природен гас во Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП