8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen очекува раст на лошите кредити

Raiffeisen очекува раст на лошите кредити

Австриската банка „Raiffeisen BankInternational“-(RBI), изјави дека очекува раст на лошите кредити во наредниот период поради напнатоста на големите пазари, истовремено извести и за зголемувањето на профитот во третиот квартал.

-Очекуваме благ раст на обемот на нефункционалните кредити во наредните месеци, и стабилен или благо зголемен процент на нето-резервациите, соопштија од банката, истакнувајќи ги првенствено повторливите проблеми со подмирувањето на финансиските обврски во Унгарија и Југоисточна Европа.

„RBI“ во август најави дека очекува зголемување на лошите кредити поради состојбата на економијата во Источна Европа.

Во третиот квартал, консолидираниот профит на банката се зголеми за 8,5 проценти, на 141 милион евра, благодарение на намаленатарезервација на лошите кредити, кои изнесуваат 224 милиони евра, во споредба со 377 милиони евра во истиот период минатата година.

„RBI“ предупредува  дека банкарскиот данок во Австрија и во некои земји од Централна и Источна Европа, веројатно ќе го намали годишниот профит за 160 милиони евра.

Наредната година банката, за банкарскиот данок во Австрија би требало да забележи ист расход како и оваа година, во износ од 104 милиони евра. Во Унгарија тој би требало да се зголеми од 26 милиони на 40 милиони евра, а во Словачка од 28 милиони на 35 милиони евра, проценуваат во банката.

Од „RBI“ повторуваат дека докапитализацијата се уште е опција, во зависност од условите на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП