Англискиот премиерлигаш Челси од денеска и официјално има нови сопственици. За 4,25 милиони фунти, инвестицискиот фонд предводен од американскиот милијардер Тод Боли го купи клубот од „Стемфорд бриџ“.
„Наша чест е да го преземе Челси, еден од најголемите англиски и европски клубови. Визијата е јасна, би сакале да ги направиме нашите навивачи горди. Ќе инвестираме во инфраструктурата и во професионалниот погон, ќе работиме на подобрување на условите за младинскиот тим, ќе ги привлекуваме најголемите таленти и ќе продолжиме да градиме победничка историја за Челси“, изјави Тод Боли, кој ќе биде претседател на клубот.

