27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Siemens“ потпиша договор за возови вреден неколку милијарди евра

„Siemens“ потпиша договор за возови вреден неколку милијарди евра

Германската индустриска групација „Siemens“ доби нарачка од Египет за неколку милијарди евра, меѓу другото, за брзи возови.

Заедно со двајца партнери, компанијата со седиште во Минхен во саботата објави дека потпишала договор за изградба на брза железничка мрежа.

Според договорот, нарачката на „Siemens“ е вредна 8,1 милијарди евра (8,7 милијарди долари). Тоа вклучува 2,7 милијарди евра за првата линија, која веќе беше договорена минатата година.

„Siemens“ ја нарече најголемата нарачка во 175-годишната историја на компанијата.

Планот е да се изгради мрежа со голема брзина од 2.000 километри.

„Siemens Mobility“ ќе испорача 41 брз воз, 94 регионални возови и 41 товарна локомотива. Договорот вклучува и железничка инфраструктура, осум магацини и товарни станици и 15-годишен договор за одржување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП