25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагел: Очекувам повеќекратно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ

Нагел: Очекувам повеќекратно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ

Претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, посочи дека Европската централна банка (ЕЦБ) оваа година треба неколкукратно да ја зголеми основната каматна стапка.

„На нашата средба во јуни мора да дадеме јасен сигнал каде одиме. „Од моја гледна точка денес, првиот чекор од каматната стапка треба да го направиме во јули и да оставиме другите да следат во втората половина од годината“, рече Нагел во интервју за германски „Шпигел“.

Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард во понеделникот ги претстави изгледите за укинување на негативните каматни стапки до крајот на август. Целта е прва промена на каматната стапка во јули.

Финансиските пазари овие изјави ги толкуваа како показател за првото зголемување на стапката од 0,25 процентни поени. Оттогаш, некои членови на Советот на ЕЦБ повикаа на поголемо зголемување на стапката од 0,5 отсто во јули. Сепак, се чини дека овој потег нема мнозинство во Советот.

Бројни западни централни банки, вклучително и Федералните резерви на САД, веќе почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.

Претседателот на Бундесбанк не очекува остар пад на стапката на инфлација, која неодамна во Германија и во еврозоната изнесуваше 7,4 отсто.

„Инфлацијата нема да падне преку ноќ, може да потрае некое време. Важно е долгорочните инфлациски очекувања да бидат добро вкотвени“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП