29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„easyJet“ откажа над 200 летови

„easyJet“ откажа над 200 летови

Нискобуџетната компанија „easyJet“ ќе откаже повеќе од 200 летови во следните 10 дена поради доцнењето на аеродромите и други ограничувања кои го попречуваат патувањето за време на училишниот распуст во Велика Британија.

Европската авиокомпанија се соочува со голем број проблеми, бидејќи укинувањето на ограничувањата поради Ковид-19 доведе до продолжување на патувањата и на многу британски аеродроми им е тешко да ангажираат доволно персонал од земјата. Во исто време, „easyJet“ има проблеми и со своите информациски системи.

Компанијата неодамна отстрани шест седишта од некои авиони „А319“ за да го намали потребниот екипаж за еден вработен.

Во соопштението од саботата, авиокомпанијата соопшти дека ќе откажува околу 24 летови дневно од лондонскиот аеродром Гетвик помеѓу 28-ми мај и 6-ти јуни. Во четвртокот „easyJet“ беше принудена да откаже околу 200 летови поради проблем со ИТ.

„Многу ни е жал за доцното објавување на некои од овие откажувања и непријатностите предизвикани на клиентите кои резервираа места за овие летови, но веруваме дека ова е неопходно за да се обезбедат сигурни услуги во овој напорен период“, се вели во соопштението.

„Клиентите добиваат информации од денеска и им се дава можност да ја променат својата резервација или да добијат рефундирање и можат да аплицираат за компензација во согласност со прописите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП