26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ93. ден војна во Украина: Зеленски ја обвини Русија за геноцид; американците...

93. ден војна во Украина: Зеленски ја обвини Русија за геноцид; американците се подготвуваат да достават ракети до Киев

Војната во Украина влезе во својот 93-ти ден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „геноцид во Донбас“ во источна Украина. Русија врши „депортација и масовно убивање на цивили во Донбас“, изјави синоќа Зеленски.

Сето ова е очигледна политика на геноцид што ја води Русија“, рече украинскиот претседател.

Американските власти се подготвуваат да достават ракети до Киев

Според цитираните официјални лица, Соединетите Држави ќе и обезбедат на Украина ракетни системи со долг дострел, потенцијално како дел од поголем пакет воена и хуманитарна помош, кој ќе биде објавен следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП