4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарел нафта 114 долари, криптовалутите во зелено, житарките во црвено

Барел нафта 114 долари, криптовалутите во зелено, житарките во црвено

Пазарот на нафта од утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 114 долари, за разлика од вчера кога цената беше 112. Цената на нафтата на американскиот пазар е 111 долари, што исто така е пораст во однос на вчера.

Биткоин утрово 30.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во плус. Вредноста на биткоинот е 30.000 долари, што е зголемување од речиси 2% во однос на вчера. Во минус се и другите криптовалути, освен XRP и Solana, кои забележаа благ пад.

Цените на житарките од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.154 долари за тон, што е намалување за речиси 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 771 долар, што е исто така намалување за околу 2 отсто во однос на вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП