1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од домаќинствата добија од 600 до 800 денари помош за потрошената...

Дел од домаќинствата добија од 600 до 800 денари помош за потрошената електрична енергија

Почна исплатата на домаќинствата на ваучерите од 600 до 800 денари за сметки за струја. Листата на домаќинсвата на кои ќе им бидат покриени дел од трошоците за потрошената струја уште не е во целост финализирана.

Околу 6.500 домаќинства поднеле апликација до Министерството за економија за финансиска подршка со која се намалува месечната сметка за потрошена електрична енергија. Досега близу 2700 домаќинства ги исполниле условите, а за другите апликации се прават проверки од страна на надлежните институции.

„За дел од барателите од категориите самец, двочлено домаќинство и домаќинство со пет члена, во тек е проверка на доставените податоци од страна на УЈП и МТСП по што ќе следи изготвување на финални листи за стекннување на право на финансиска поддршка и соодветно на тоа исплата на средствата за финансиска поддршка. Досега вкупно 2.712 баратели го имаат остварено правото на финансиска подршка“, велат од Министерство за економија.

Парите кои се одвоени за помош не легнуваат на сметките на граѓаните туку директно се пребиваат од доспеаната сметка за стуја. Финалните листи со сите домаќинства кои се стекнале со ова право наскоро ќе биде објавена од веб страницата на Министерство за економија. За реализација на оваа мерка одвоени се 60 милиони денари за домаќинствата кои имаат вкупни примања до 500 евра. Покрај ова, најавите се дека и со прекроената државна каса и годинава ќе се одвојат ваучери за годишен одмор од 12 илјади денари за граѓаните со ниски примања.

„Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети. Оваа година, во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година. Оваа година, за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари“, велат од Министерство за економија.

Јавниот повик за оваа мерка се очекува да биде објавен во втората половина од годинава.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП