Постигнувањето на неутрален статус на Украина и нејзино позиционирање како мост меѓу Русија и Европа сепак може да се замисли како крајна цел во сегашната ситуација, изјави поранешниот американски државен секретар и претседателски советник за национална безбедност Хенри Кисинџер на Светскиот економски форум во Давос.
Украинскиот суд нареди апсење на поранешниот претседател Јанукович
Украинскиот суд нареди апсење на поранешниот претседател Виктор Јанукович во отсуство, кој тој е обвинет за предавство.
Јанукович беше претседател на Украина од 2010 до 2014 година, по што побегна во Русија, со која тесно соработуваше.
Претходно Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, сето тоа за блиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин, од кого побара руската војска и полиција да воспостават ред во Украина.
Лавров: Западот мора да и понуди на Русија нешто ново
„Русија ќе размисли и ќе одлучи дали треба да ги обнови односите со Западот“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
„Западот прво мора да прифати дека Русија постои. Русија не исчезна и јас сум убеден дека секоја година ќе биде посилна. Исто така, Западот мора да понуди нешто ново во форма на обновување на односите. Кога тоа ќе се случи, тогаш Русија ќе размисли за се“, рече Лавров.
Според Ројтерс, тој рекол дека Русија мора итно да научи да не зависи од Западот.
„Мораме да се потпреме на себе, но и на оние земји кои се покажаа како храбри во овој момент и кои не танцуваат како што играат другите. Сега, кога Западот стана диктатор, нашата економска врска, на пример со Кина ќе биде посилна, врската само ќе расте“, додаде Лавров.
Зеленски бара санкции против Русија, оружје за украинските борци
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека средба со рускиот претседател Владимир Путин е можна само доколку темата е крај на војната.
Во видео обраќањето до учесниците на Светскиот економски форум во Давос, претседателот Зеленски повика на построги санкции кон Москва – ембарго на нафта, блокада на сите банки и целосна забрана за трговија со Русија.
Тој побарал и повеќе оружје, но од Европа му рекле дека испораките на оружје за Киев ги исцрпиле нивните залихи.