28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLiquid S2, паметниот телефон на Аcer

Liquid S2, паметниот телефон на Аcer

Acer_Liquid_S2_-_September_2013

Трката за паметните телефони продолжува со полна пареа, а во неа се вклучи и „Acer“ со нов предлог – паметен телефон кој снима „Ultra HD“ видео.

„Ultra HD“ е новиот стандард кој постепено ќе го замени „Full HD“ и ќе има четири пати повисока резолуција на сликите. „Liquid S2“ e првиот смартфон со 4К камера кој на пазарот го пласира компанијата „Acer“. Со овој производ, реномираниот производител на лаптопи влезе во конкуренција со „Samsung“ и „Apple“ кои се сметаат за лидери во производството на паметни телефони.

Со камерата може да се снима видео во 4К резолуција, а ако сакате да снимате видео во „класична“ HD резолуција од 1920х1080 пиксели, „Liquid S2“ тоа ќе го направи со 60 FPS.

Екранот има големина од 6 инчи, а има камера од 13 мегапиксели на предната и од 2 мегапиксели на задната страна. Овој телефон работи на „Snapdragon 800“ процесор, 2GB RAM и 16GB меморија за чување на податоци. Новиот паметен телефон „Acer“ го користи оперативниот систем „Android 4.2.2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП