19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена

СЗО: Пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена

Пандемијата на коронавирусот „секако не е завршена“, иако бројот на пријавени инфекции опаѓа, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој им рече на државните претставници собрани во Женева на отворањето на годишната сесија на СЗО, дека „намалувањето на бројот на тестови и анализи на вирусот значи дека сме заслепени од неговата еволуција“.

Во неделниот извештај за глобалната ситуација, СЗО соопшти дека бројот на нови инфекции со корона вирусот се чини дека се стабилизирал бидејќи опаѓал од крајот на март, додека во истиот период опаднал и бројот на смртни случаи.

Иако има напредок, со вакцинирани 60 отсто од светското население, „никаде не е готово додека не заврши секаде“, рече Тедрос, истакнувајќи дека една милијарда луѓе во земјите со пониски приходи сè уште не се вакцинирани.

„Бројот на пријавени случаи се зголемува во речиси 70 земји, во делот од светот каде стапката на тестирање нагло опадна“, додаде тој.

Расте бројот на пријавени смртни случаи во Африка, континентот со најмалку вакцинирани луѓе, а само 57 земји во светот, од кои речиси сите се богати, вакцинирале 70 отсто од своето население.

Пандемијата нема да исчезне со некое чудо

Иако, како што рече првиот човек на СЗО, понудата на вакцини во светот е подобрена, во некои земји „нема доволно политичка посветеност за вакцинација“, а во други има недостатоци во „оперативниот или финансискиот капацитет“ за вакцинација.

„Генерално, гледаме дека дезинформациите предизвикуваат двоумење за вакцинирањето“, рече Тедрос, истакнувајќи дека „пандемијата нема да исчезне со некое чудо, но можеме да ја прекинеме“.

На годишниот состанок на Светското здравствено собрание на земјите-членки на СЗО, се очекува Тедрос да биде избран за втор петгодишен мандат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП