28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ89. ден војна во Украина: Тешка ситуација на истокот на земјата; Украинскиот...

89. ден војна во Украина: Тешка ситуација на истокот на земјата; Украинскиот парламент го забрани „Z“; Нова проценка на руските загуби

Москва: Руски единици деминираат во Азовстал

Руски единици почнаа со деминирање во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува „Известија“.

Се наведува дека руските единици за два дена деактивирале повеќе од 100 експлозивни направи.

Британци: Русите во 3 месеци војна имаат загуби како во 9 години војната во Авганистан

За три месеци војна во Украина, руските сили претрпеа загуби споредливи со оние на Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, објави британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на военото разузнавање.

Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата која се карактеризира со „подготвеност да се повторат грешките“ доведоа до големи загуби, се вели во извештајот на британското разузнавање утринава.

Силни експлозии во Коростен, регионот Житомир

Во текот на ноќта силни експлозии одекнаа во градот Коростен во областа Житомир, информацијата ја потврди заменик-градоначалничката на Коростен, Наталија Чижевскаја.

Според неа, мештаните слушнале звуци од две експлозии, на кои им претходеле блесоци.

Чижевскаја подоцна извести дека во градот се слушнала уште една експлозија.

Зеленски: До 100 Украинци умираат секој ден на истокот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека од 50 до 100 украинци гинат секој ден во борбите на истокот на земјата.

Најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Сиверодоњецк и Лисичанск во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат.

Украинскиот парламент ги забрани „Z“ и „V“

Украинскиот парламент синоќа ги забрани симболите „Z“ и „V“ што ги користи руската армија во Украина, но се согласи на поканата на претседателот Володимир Зеленски да дозволи нивна употреба за образовни или историски цели.

Зеленски стави вето на претходната верзија на законот и повика двата симболи да бидат дозволени во музеи, библиотеки, научни трудови, учебници и слични примери.

Ниту една од овие две букви не постои во руската азбука.

Путин и Лукашенко денеска се среќаваат во Сочи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна во Сочи, каде денеска ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Кремљ претходно соопшти дека за време на разговорите на 23 мај, претседателите на Русија и Белорусија ќе разговараат за развојот на односите меѓу двете земји, со акцент на интеграциската соработка во рамките на Федералната држава Русија и Белорусија, како и за меѓународните прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП