27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСтарлајнер - идното такси за астронаути успешно слета на ISS

Старлајнер – идното такси за астронаути успешно слета на ISS

Вселенската капсула Старлајнер на Боинг, идно такси за астронаутите, успешно слета на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Според снимките на американската вселенска агенција НАСА, беспилотната капсула пристигнала во ISS доцна синоќа со нешто повеќе од еден час задоцнување.

Било планирано да се стигне до дестинацијата за 24 часа по лансирањето од Кејп Канаверал на Флорида.

Во иднина, Старлајнер треба да се користи како такси за превоз на астронаути.

Првиот обид за лансирање на Старлајнер беше во 2019 година, а мисијата беше откажана во последен момент и во 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП