25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес од 1955 година продаден за 135 милиони евра

Мерцедес од 1955 година продаден за 135 милиони евра

Редок пример на автомобил Мерцедес продаден за рекордни 135 милиони евра – и тоа со добра причина.

Автомобилот е само еден од двете многу ретки оригинални купеа 300 SLR Uhlenhaut од колекцијата на Mercedes Benz Classic и е продаден на приватен колекционер.

Сумата што ја издвоил за возилото од 1955 година е 135 милиони евра.

Приходите од аукцијата ќе бидат искористени за формирање на глобален фонд на Мерцедес Бенц кој ќе обезбеди едукативни и истражувачки стипендии во областа на науката за животната средина и декарбонизацијата.

Именуван по неговиот креатор и главен инженер, Рудолф Уленхаут, купето беше „пресвртница“ како автомобил со карактеристични „врати на крилата на галеб“ кои помогнаа да се обликува брендот Мерцедес.

Аукцијата се одржа во соработка со куќата „Сотби“ во германскиот музеј на Мерцедес Бенц, со учество на избран број колекционери и купувачи.

Приватниот купувач се согласил дека тој ќе остане достапен за јавно изложување на овој автомобил „во посебни прилики“, а неговиот „близнак“ останува сопственост на компанијата и ќе остане изложен во Штутгарт.

„Со фондот Мерцедес Бенц сакаме да ја поттикнеме новата генерација да ги следи иновативните чекори на Рудолф Уленхаут и да развива нови технологии, особено оние кои ја поддржуваат критичната цел за декарбонизација и зачувување на природните ресурси“, рече Ола Келениус, извршен директор на Мерцедес.

„Како глобална компанија и како луксузен бренд, имаме високо ниво на одговорност кон општеството“, додаде Рената Јунго Брунгер, член на Управниот одбор на Mercedes Benz Group AG.

Според неа, фондот ќе помогне да се изгради „поодржлива иднина“: „Убедени сме дека пристапот до образование во овие области ќе биде клучен во соочувањето со големите предизвици на нашето време и ќе придонесе за поголема стабилност, просперитет и социјална кохезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП