19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКовид и недостатокот на чипови силно го погодија „Xiaomi“

Ковид и недостатокот на чипови силно го погодија „Xiaomi“

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ објави пад на кварталните приходи откако рестриктивните мерки поради Ковид-19 ја погодија побарувачката во Кина, додека големите економски предизвици, вклучително и руската инвазија на Украина, доведоа до скок на трошоците.

Приходите за кварталот што заврши на 31-ви март се намалија на 73,35 милијарди јуани (10,85 милијарди долари) од 76,88 милијарди јуани пред една година. Тие беа под очекувањата на аналитичарите од 74,3 милијарди јуани, според „Refinitiv“.

„Во првиот квартал, целата индустрија се соочи со предизвици – прво со недостиг на компоненти, потоа со враќање на Ковид-19 и влијанието на макроекономското опкружување“, рече претседателот на компанијата Ванг Ксијанг.

Според него, избувнувањето на Ковид-19, прво во Хонг Конг, а потоа во Шангај, го попречило снабдувањето, а повеќемесечната блокада во Шангај и конфликтот во Украина веројатно ќе ги намалат приходите во вториот квартал.

Продажбата на паметните телефони на компанијата падна за 22,1% на 38,5 милиони единици во кварталот, соопшти „Xiaomi“.

Загубата за периодот беше 530,7 милиони јуани, во споредба со добивката од 7,79 милијарди јуани минатата година.

„Xiaomi“, кој генерира најголем дел од приходите од продажба на паметни телефони, рече дека приходите од нејзиниот сегмент паднале на 45,8 милијарди јуани во кварталот.

Кинеската компанија и конкурентите „Vivo“ и „Oppo“ им кажаа на своите добавувачи да ги намалат нарачките за повеќе од 20% во следните неколку квартали поради блокади и прекини во синџирот на снабдување.

„Xiaomi“ е под истрага во Индија од февруари оваа година во врска со наводни нелегални трансфери на средства во странство. Компанијата негира дека направила нешто погрешно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП