2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ericsson“ се раздели со некои од своите директори и започна со реструктуирање

„Ericsson“ се раздели со некои од своите директори и започна со реструктуирање

Шведскиот гигант „Ericsson“ ги објави плановите за реструктуирање на своето работење за да се фокусира на деловните клиенти и мобилната инфраструктура. Тој најави и дека двајца високи директори ќе ја напуштат компанијата.

Извршниот директор Борге Еколм рече дека овој потег има за цел да ги зголеми перформансите, а не да ги намали трошоците. Според него, рано е да се каже дали ќе се изгубат работни места.

„Ericsson“, кој се натпреварува со „Nokia“ и „Huawei“ за продажба на телекомуникациска опрема, имаше тежок почеток на годината, што негативно се одрази на цената на акциите и предизвика незадоволство кај акционерите.

Во февруари, компанијата откри дека спроведува внатрешна истрага за незаконското однесување во Ирак, што ја изложи компанијата на потенцијална казна од американските регулатори.

Еколм инсистира на тоа дека сегашната промена во стратегијата не е поврзана со настаните претходно во оваа година, но тие прилично ја забавија компанијата.

„Она што го правиме е да ја задржиме основата на нашата стратегија, а тоа е да го водиме бизнисот со мобилната инфраструктура“, рече Еколм во интервјуто. „Следниот дел од стратегијата е да почнеме да растеме и да создаваме присуство во корпоративниот сегмент“, додава тој.

Создадена е нова деловна единица со спојување на дигитални и управувани услуги за да се изгради експертиза за облак и производи за автоматизација и вештачка интелигенција. Дивизијата ќе ја води Пер Нарвингер, кој е дел од тимот на „Ericsson“ од 1997-ма година.

Бизнисот со дигитални услуги се бори да се врати на раст поради губењето на можностите за развој на својот бизнис „5G“ во Кина, послабиот бизнис на друго место и повисоките трошоци за истражување и развој.

„Се надеваме дека со промените во поделбите и новото раководство, оваа проблематична област ќе покаже подобрување по долгогодишни разочарувања“, пишуваат аналитичарите на „Citi“.

Меѓу новите единици е и корпоративниот мобилен бизнис, кој ќе го води извршниот директор на „Cradlepoint“, Џорџ Мулхорн. Исто така ќе се развиваат производи поврзани со „5G“ за да ги задоволи потребите на големите компании.

Извршниот потпретседател Арун Бансал и менаџерот за управување со услуги Питер Лаурин ќе ја напуштат компанијата.

Новата организација ќе стапи на сила на 1-ви јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП