26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлуч на врата за 400-ни фирми од преработувачката индустрија во првите три...

Клуч на врата за 400-ни фирми од преработувачката индустрија во првите три месеци од годинава

Домашните компании ја стартуваа годинава закрепнувајќи од пандемиските последици, но енергетската и кризата од војната во Украина ги стави во уште потешка позиција.

Во првите три месеци од годинава 400 компании ставиле клуч на врата на своите бизниси. Годинава ќе биде потешка од претходната бидејќи лани се затвориле 600 компании за сите 12 месеци велат од Организацијата на работодавачи. Компаниите, особено во трудоинтензивната како текстилната и кожарската индустија преживуваат. Нарачки има, ама цената по која се бара производот е премногу ниска за да ги покрие трошоците.

„Украинската криза не донесе намалување на нарачките за работа. Имаме зголемени нарачки, но цената која што се нуди е многу ниска. За жал не можеме од партнерите да добиеме поголемо зголемување на цените особено поради фактот дека нашите трошоци за производство се зголемени, од цената на струјата па се до зголемениот минималец. Добиваме зголемување од 5 до 8 проценти, а нашите трошоци се 18 проценти. Зборуваме за време за преживување, а не за правење на профит“, вели Ангел Димитров – Организација на потрошувачи.

На долг рок постојат ризици поради кризата компаниите да бидат принудени да отпуштаат работници. Мерки за надминување на оваа криза се непходни бидејќи компаниите се двигател на економијата.

“Анализите кои што доаѓаат од надворешните фактори како Европската унија, Светска банка се релевантни и тие констатираат дека треба да му се помогне на бизнисот, бидејќи е ставен во тешка ситуација. Треба да му се помогне со навистина промислени мерки, сериозни мерки бидејќи во кризата бизнисот го носи главниот товар. Мерки треба да има од страна на институциите за помош на компаниите“, велат од Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори.

Властите најавуваат можно носење на нови сетови мерки за помош за стопанството доколку има потреба. Пред два месеци Владата донесе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра со цел заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП