Нафтената и гасната компанија „Катар енерџи“ би можела да започне со испорака на течен природен гас во Германија од терминалот во Тексас во 2024 година, изјави катарскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Мохамед бин Абдулрахман ел Тани.
-Извлекувањето енергенси во гасното поле „Северна купола“ нема да се прошири пред 2026 година, можеби во 2025 година. Сепак, очекуваме дека нашата фабрика за природен гас „Golden Pass“ во Тексас, во која „Катар енерџи“ има 70 отсто од акциите, во 2024 година ќе достигне доволен капацитет за да може да испорачува гас во Германија“, изјави Тани за германскиот весник Handelsblatt.

