ПочетнаЗДРАВЈЕСочувајте ја вашата витка линија со овие моќни намирници

Сочувајте ја вашата витка линија со овие моќни намирници

Новите истражувања откриваат дека консумирањето на храна богата со флавоноиди спречува наталожување на килограми и го забрзува слабеењето…

Студија од Универзитетот во источна Англија и Харвард открила дека одделни намирници, кои содржат флавоноиди, можат да спречат наталожување на килограмите.

Според зборовите на авторот на студијата Един Кесиди, најдобрите намирници, како и зеленчук и овошја за одржување на вашата идеална тежина се:

– Малини

– Боровница

– Капини

– Јагоди

– Црна рибизла

– Вишна

– Грозје

– Сливи

– Ротквици

– Чај

– Какао

– Крушки

– Јаболки

– Цитруси (портокали, грејпфрут, лимон)

– Кромид

– Пиперки

– Модар патлиџан

Студијата открива дека само 80 грама порција овошје или зеленчук од оваа листа може да го подобри вашето здравје.

Во студијата се испитувани 124.086 мажи и жени во САД.

Резултатите открија дека малите количини на флавоноиди можат да влијаат на одржувањето на тежината, па дури и на умереното губење на килограмите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП