26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Microsoft“ ги зголемува платите за да ги задржи вработените

„Microsoft“ ги зголемува платите за да ги задржи вработените

„Microsoft Corp.“ планира да го „удвои“ буџетот за да ги зголеми платите на вработените и да ја зголеми за најмалку 25% платата заснована на акции, која им ја обезбедува на некои вработени, па така ќе го задржат персоналот и да им помогнат на своите вработени да се справат со инфлацијата.

Овој потег главно ќе влијае на „вработените во раната и средовечна возраст“, се вели во соопштението на софтверскиот гигант, цитирано од „Bloomberg“.

„Како што се приближува нашиот годишен процес на платен список, ние правиме значителни дополнителни инвестиции оваа година за да ги компензираме нашите вработени ширум светот“, велат од компанијата со седиште во Редмонд, Вашингтон.

„Промените исто така ја одразуваат нашата благодарност за нашите таленти од светска класа кои ја поддржуваат нашата мисија, култура и клиенти, како и партнери“, додаваат од компанијата.

Покрај борбата против зголемените животни трошоци и ограничениот пазар на станови во Сиетл, „Microsoft“ влезе во жестока битка за таленти со компании како „Amazon.com Inc.“, „Google“ и сопственикот на „Facebook“, „Meta Platforms Inc.“ и голем број стартапи. Областите како што се сајбер безбедноста, вештачката интелигенција, метаверзумот и облак компјутерите се особено конкурентни. Покрај тоа, пандемијата поттикна многу вработени да се преселат и да ги преиспитаат можностите за работа.

„Повторно и повторно, гледаме дека нашите таленти се многу барани поради неверојатната работа што ја вршат“, рече извршниот директор Сатја Надела.

Платниот список на „Microsoft“ се состои од основна плата, бонуси и акции. Промените ќе зафатат значителен дел од вработените во компанијата, кои заклучно со 30-ти јуни 2021-ва година се 181.000 лица.

„Зголемувањето на платата преку акции ќе важи за вработените на ниво 67 на внатрешната скала на компанијата или пониско“, рече Надела.

Нивото 67 е последното ниво пред вработениот да стане партнер на компанијата, што го става во повисока скала за плати. Зголемувањето на буџетот на платите ќе варира од земја до земја, а „најзначајните зголемувања ќе бидат концентрирани таму каде што тоа го бара пазарот“.

Компанијата не разговара за висината на платите, па затоа е тешко да се каже колку новите нивоа на плати ќе станат во долари. Но, веб-страницата „Glassdoor“ проценува дека нов дипломиран кој работи како софтверски инженер во „Microsoft Corp.“ добива околу 163.000 долари (годишно).

Во февруари, конкурентот „Amazon.com Inc.“ рече дека ќе ја удвои максималната основна плата што ја плаќа на своите вработени од 160.000 на 350.000 долари за да се справат со конкурентниот пазар на трудот.

„Microsoft“ ги најави промените како што се приближува крајот на фискалната година која завршува на 30-ти јуни. За тековната финансиска година, компанијата веќе воведе повисоки буџети за промоции и специјални плаќања преку акции дизајнирани да го препознаат исклучителното влијание и да помогнат да ги задржиме нашите најконкурентни таленти“, вели Надела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП