28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајтенката тастатура во свет!

Најтенката тастатура во свет!

World's thinnest keyboard

„CSR“, технолошката компанија од Кембриџ која инаку е специјализирана за бежична технологија, ја претстави најтенката тастатура на светот.

Од компанијата која ги произведе познатите слушалки „Beats“ беше претставена „само“ пола милиметар тенкиот флексибилен „touchscreen“ кој делува како тастатура. Првенствено оваа тастатура е замислена како дополнителна тастатура за таблетите, а можно е да се произведе во многу различни форми и големини и тоа се по нарачка и дизајн на купувачот.

Интересно е тоа што оваа тастатура може да се стави под лист хартија, па така наместена може да ги забележи движењата на хартијата и да ги пренесе на компјутер. Засега постои само функционален прототип кој ќе биде претставен на берлинскиот саем „IFA“. Во британската компанија очекуваат дека производителите на компјутери и опрема ќе го искористат потенцијалот кој се нуди во овој вид на прилагодливи тастатури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП