26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаде заглави продажбата на Твитер

Каде заглави продажбата на Твитер

Компанијата Твитер денеска соопшти дека е за склучување на купопродажен договор со Илон Маск вреден 44 милијарди долари по претходно понудената цена и услови.

Договорот е предмет на одобрување на акционерите на Твитер, а се проценува дека работата би можела да биде завршена во 2022 година, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.

Маск минатиот петок изјави дека го одложил договорот за Твитер од 44 милијарди долари додека не добие информации за лажни сметки и спамови, изразувајќи сомнеж дека тие сочинуваат најмалку 20 отсто од корисниците во споредба со официјалната проценка на Твитер од 5,0 отсто.

„Мојата понуда се заснова на претпоставената точност на податоците во поднесоците на Твитер до Комисијата за хартии од вредност (КХВ)“, напиша Маск утрово на Твитер, пренесува CNBC.

Тој додаде дека „извршниот директор на Твитер вчера јавно одби да покаже докази“ дека имало само 5,0 отсто лажни нарачки на тие социјални медиуми и дека „договорот не може да продолжи додека тој не го стори тоа“.

Претходно денеска британската агенција објави дека Маск навестил дека можеби ќе побара пониска цена за купување на Твитер, проценувајќи дека е можно на таа социјална мрежа да има најмалку четири пати повеќе лажни сметки отколку што тврдела компанијата.

„Не можете да ја платите истата цена за нешто многу полошо отколку што тврдеа“, рече тој на конференцијата во Мајами во понеделникот вечерта.

На прашањето дали е остварлив договор за купување на Твитер по различна цена, Маск одговори: „Мислам дека тоа не е исклучено. Колку повеќе прашања поставувам, толку повеќе се зголемуваат моите грижи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП