26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНационалното богатство на земјава во рацете на мал број поединци

Националното богатство на земјава во рацете на мал број поединци

Јазот меѓу сиромашните и богатите во земјава во последните години во земјава се зголемува. Богатите во кризата уште повеќе си го зголемија богатството, сиромашните пак станаа посиромашни. Потреби се стратегии за намалување на нееднаквоста во Македонија.

Македонија е во голема мера класно поделена. Целото национално богатство на државата го поседуваат неколку поедници за разлика од илјадниците граѓани кои едвај го прекрпуваат месецот покривајќи ги основните потреби. Ниту има план ниту пак конкретни чекори како оваа нееднаквост меѓу граѓаните да се намали, велат експертите. Првиот чекор се даноците, богатите мора да подлежат на повисоки даноци со цел дел од нивното богатство да се прелее кон граѓаните кои што се на работ на егзистенцијата. Покрај даноците, преку владини мерки за доквалификување за повеќе граѓани да се вкучуваат во пазарот на трудот.

„Од една страна правиме едно население кое се збогатува во една криза, и од друга страна население кое што осиромашува. Што треба да се направи, богатите треба таксативно да се оданочат со прогресивен данок, но не тој што беше пред некоја година. Прогресивен данок кој ќе биде на неколку степени на пр. од нула до 200-300 евра што примаат граѓаните да не плаќаат данок, останатите да оди таксативно во неколку степени. Од друга страна државата да мисли на развојни економии. Најдобар начин на сиромашниот на оној кои нема е да го научиш како да биде продуктивен, односно да е докфаливикуван и активен на пазарот на труд“, вели Абил Бауш, Професор по економија.

Еден од кучните фактори е точно таргетирање на категоријата на граѓани кои што се на работ на егзистенција. Тие треба да имаа поголема подршка од невладиниот сектор за да може побрзо да излезат од сиромаштијата.

„Мора да се направи нешто, дел од приходите кои што го имаат најбогатите да се прелева кон сиромашните, иако во последните години се прават обиди но се чини дека не е доволно. Македонија е една од земјите каде процентот на корупција е многу висок, тоа значи дека борбата со коруптивното однесување барем за некој процент ќе придонесе да се намали сиромаштијата. Третиот елемент кој што е важен е невладниот секор да се засили да може повеќе да направат барем за оние категории кои што преживуваат во текот на денот“, вели Илија Ацески, Универзитетски професор.

Експертите се согласни дека во последните две години поради ковид кризата и моменталната криза поради војната во Украина јазот уште повеќе се зголемува. Процентот на нееднаквост меѓу сиромашните и богатите од година в година расте и според последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако во 2019 година Џини коефициентот бил 30,7, во 2020 изнесува 31,4. Во 2020 за разлика од претходната година близу половина милион луѓе живеат под прагот на сиромаштијата. Најдлабока сиромаштија има кај семејствата со две и повеќе деца, самохраните родители и семејствата со деца.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП