15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ82. ден војна во Украина: Офанзивата на Русија е во застој, Украина...

82. ден војна во Украина: Офанзивата на Русија е во застој, Украина може да ја добие војната!

Руското Министерство за индустрија и трговија соопшти дека рускиот удел во фабриката на Рено во Москва станува државна сопственост, пренесува РТС.

„Автоваз“ сега ќе врши сервисно одржување на автомобили во Русија.

Зеленски: Руските сили не сакаат да признаат дека се во ќорсокак

„Се подготвуваме за нови руски напади во Донбас со цел некако да ги интензивираме нашите движења на југот на Украина“, рече претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање.

„Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се „во ќорсокак“ и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе пропадна“, додаде тој.

НАТО: Офанзивата на Русија е во застој

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека руската офанзива во Донбас е запрена и дека Украина може да ја добие војната.

„Руската војна во Украина не оди како што планира Москва“, рече тој.

Украина: Москва распишува референдум

Москва се подготвува да одржи референдум во Мариупол за тоа дали градот ќе се приклучи на Русија, тврдат украинските власти, откако најавија сличен потег во Јужна Осетија.

Петро Андришенко, советник на градоначалникот на овој пристанишен град, кој работи во егзил, изјави дека извори меѓу оние што останале во Мариупол веруваат дека ќе биде распишан референдум.

Шведска би се приклучила на НАТО под два услови: без бази и нуклеарно оружје

Шведската владејачка Социјалдемократска партија вчера објави дека го поддржува влезот на земјата во НАТО, но со два услова – на нејзина територија да нема нуклеарно оружје, ниту постојани бази на тој воен сојуз.

„Претседателството на Социјалдемократската партија одлучи да работи на апликацијата на Шведска за членство во НАТО, а доколку биде прифатена, ќе ја задржиме резервацијата за распоредување нуклеарно оружје и постојани бази на НАТО на наша територија“, објави Би-Би-Си во соопштението.

На прес-конференцијата што следеше, премиерката Магдалена Андерсон рече дека одлуката за аплицирање за членство во НАТО не е насочена против Русија, туку е оценета како најдобра за Шведска.

Ако Шведска беше единствената во регионот на Балтикот што ќе остане надвор од НАТО, ќе беше многу ранлива, рече Андерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП