28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанија од ОАЕ купи речиси 10% од акциите на „Vodafone“

Компанија од ОАЕ купи речиси 10% од акциите на „Vodafone“

Компанијата „Emirates Telecommunications Group“, позната како „e &“, купи 9,8% од акциите на британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ за 4,4 милијарди долари, соопшти компанијата од ОАЕ во саботата.

Овој потег доаѓа само неколку дена откако „e &“ рече дека се обидува да се прошири на нови пазари во Африка, Европа и Азија и пошироко, како што е финансиската технологија, барајќи начин да го поттикне растот.

„Vodafone“, како и сите мобилни оператори, се соочува со тешкотии на своите најразвиени пазари, каде конкуренцијата и регулацијата ги намалуваат цените.

Нето долгот на групацијата достигна 44,3 милијарди евра, а извршниот директор Ник Рид е под притисок да го поедностави своето портфолио и да го подобри приносот по падот на цените на акциите за повеќе од 20 отсто откако тој ја презеде функцијата во 2018-та година.

„Vodafone“ соопшти дека со нетрпение очекува да изгради долгорочни односи со „e &“ со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

„Продолжуваме да правиме добар напредок со нашите долгорочни стратешки планови и ќе презентираме ажурирање кога ќе ги објавиме нашите резултати за финансиската 2022-ра година на 17-ти мај“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата „е &“ рече дека ја направила инвестицијата за да добие „значителна изложеност на светски лидер во поврзување и дигитални услуги“.

Оттаму додаваат дека немаат намера да дадат понуда за купување на целиот „Vodafone“, велејќи дека целосно ја поддржува тековната деловна стратегија на телекомот, како и управниот одбор и постоечкиот менаџерски тим.

„Оваа инвестиција ја гледаме како добра можност за „e &“ и нејзините акционери, бидејќи ќе ни овозможи да го прошириме и развиеме нашето меѓународно портфолио во согласност со нашата стратешка амбиција“, рече извршниот директор Хатим Давидар.

Компанијата од ОАЕ неодамна го подели својот бизнис на „e& life“, фокусиран на услуги за потрошувачи, „e& enterprise“, кои обезбедуваат дигитални услуги за владата и бизнисот, и телекомуникацискиот оддел „Etisalat“, кој според извршниот директор е седмиот по големина телеком во светот според пазарната капитализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП