23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Saudi Aramco“ забележа импресивен раст на профитот од почетокот на годината

„Saudi Aramco“ забележа импресивен раст на профитот од почетокот на годината

Саудиската државна „Saudi Aramco“ објави раст на профитот од 82 отсто во првиот квартал од годината. Компанијата оствари профит од рекордни 39,5 милијарди долари, се вели во соопштението за печатот.

Причината за ваквиот раст не е само поскапувањето на нафтата за 45 отсто од почетокот на годинава, туку и зголемените приноси за 20 отсто во однос на истиот период лани. Во месеците од јануари до март, компанијата произведувала 10,2 милиони барели нафта дневно. Сите земји од „ОПЕК +“ почнаа да ги зголемуваат приносите.

Побарувачката за фосилни горива се зголемува во споредба со првите три месеци од 2021-ва година, кога глобалната економија сè уште беше во сенка на коронавирусот. Пролетта, западните компании почнаа да бараат алтернативи за руската нафта поради санкциите против Москва. САД и Велика Британија го забранија увозот на руска нафта поради војната во Украина, а ЕУ со недели разговараше за таква мерка.

Компанијата исплати дивиденда од 18,8 милијарди долари за последниот квартал од 2021-ва година, според финансиските извештаи. Износот на дивидендата за првиот квартал останува иста и ќе се исплати во текот на овој квартал, велат од „Aramco“.

Компанијата, исто така, соопшти дека се согласила да стекне 30 отсто од акциите во рафинеријата во Гдањск во Полска, како и 50 отсто од акциите во полското заедничко вложување, заедно со „ВР“.

По објавувањето, акциите на „Aramco“ пораснаа за повеќе од 3% на речиси 42 ријали, што претставува зголемување од 29% во вредноста на акциите од почетокот на годината. Така, пазарната капитализација на компанијата веќе надминува 2,49 трилиони долари, наведува „Bloomberg“.

„Saudi Aramco“ е една од ретките компании во секторот што планира да го зголеми производството на нафта во наредните години. Многу од нејзините конкуренти постепено ја напуштаат нафтата и преминуваат на зелена енергија за да го намалат нивниот јаглероден отпечаток. Но, раководството на компанијата предвидува дека нафтата ќе биде барана стока во наредните децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП