19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ80. ден војна во Украина: Неформален состанок на претставници на НАТО, Финска...

80. ден војна во Украина: Неформален состанок на претставници на НАТО, Финска и Шведска; ЕУ има нов план за гас

Денеска состанок на НАТО со Шведска и Финска

Шведска и Финска денеска ќе учествуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин.

И покрај тоа што не се членки на Западната воена алијанса, двете земји најавија дека ќе аплицираат за членство како одговор на инвазијата на Украина и затоа се поканети да присуствуваат на состанокот.

Москва соопшти дека влегувањето на која било земја во Алијансата ќе го смета за закана. Тоа би довело до крај на деценискиот неутрален статус на Шведска и Финска, кој датира од Студената војна.

На денешниот состанок присуствува и Турција, која е членка на НАТО, а официјална Анкара вчера изрази противење на потенцијалното членство на Шведска или Финска во Алијансата.

ЕУ има нов план за гас

Европската комисија сака да ги напушти правилата за конкуренција на ЕУ за да им дозволи на владите да ги ограничат потрошувачките цени во случај на намалување на испораките на руски гас.

Украина: Ситуацијата е многу полоша отколку на почетокот на војната

Украинскиот политичар и член на Рада ги повика САД да и обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони, велејќи дека ситуацијата на бојното поле е „далеку полоша“ отколку на почетокот на војната.

„Во моментов, пеколот е на првата линија на конфликтот“, изјави Олександра Устинова за новинарите во Вашингтон. „Сега губиме многу повеќе луѓе отколку на почетокот на војната“, објасни таа.

Устинова рече дека Украина повеќе не бара борбени авиони МиГ од советската ера бидејќи „војната се променила“.

Украинска армија: Русија загуби најмалку 73 тенкови во Донбас

Украинската армија тврди дека уништила најмалку 73 руски тенкови и друга опрема за време на битката околу реката во Донбас.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави дека Русија во нападот изгубила „значителни оклопни маневрирачки елементи“ од најмалку една тактичка воена група од околу 1000 војници.

Киев: Ги натоваривме загинатите руски војници во вагони, подготвени сме да ги вратиме во Русија

Украинската армија тврди дека телата на руски војници ги натоварувала во вагони за ладење, и дека е подготвена да ги испрати во Русија во согласност со меѓународното право, пренесува Ројтерс.

Зеленски: Правиме се за да ги евакуираме бранителите од Азовстал, преговорите се сложени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека разговорите со Русија за извлекување на ранетите ветерани од Азовстал во Мариупол се многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП